Автаркија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Автаркија (грчки: αὐτάρκεια — „самостојност“) — економски систем во кој трговските врски со надворешниот свет се строго ограничени или непостоечки. Таква политика следеле некои европски земји во XVII и XVIII век и Јапонија до средината на XIX век. Италијанската влада ја прогласила земјата за автаркија по трговското ембарго од 1935 г., иако трговијата со Германија и другите земји не ослабнала. Денес, најавтаркичен економски систем е оној на Северна Кореја, иако таа исто така задржува некои трговски врски со Кина и Јапонија. Во империјализмот се користи за запленување на туѓи земји под изговор за создавање посебен „простор“. Се врши преку високи царини, валутни и стоковни ограничувања итн.[1]