Авионска несреќа кај Јарослављ (2011)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авионската несреќа кај Јарослављ се случила на 7 септември 2011 година во 16:02 по локачно време, кога патнички авион, кој го превезувал професионалниот хокеарски тим ХК Локомотив од Јарослављ, се срушил во близина на градот Јарослављ, во Русија. Авионот патувал на натпревар во белоруската престолнина со екипата на Динамо Минск каде требало да го одигра натпреварот од првиот круг во Континенталната хокеарска лига.
Медведев на местото на настанот. | |
Сумирани податоци за Accident | |
---|---|
Датум | 7 септември 2011 (2011-09-07) |
Вид | под истрага |
Место | Волга, кај Јарослављ, Русија 57°33′07″N 40°07′16″E |
Патници | 37[1] |
Екипаж | 8[1] |
Жртви | 44[2] |
Преживеани | 1[1][2] |
Тип на авионот | Јак-42Д |
Оператор | Yak-Service |
Регистрација | RA-42434 |
Полетал од | Јарославска област, Русија |
Дестинација | Мински аеродром, Минск, Белорусија |
Според информациите, авионот изгубил висина и се урнал по полетувањето од аеродромот во Јарослављ, на реката Волга. Според извештаите, авионот се запалил веднаш по полетувањето и се урнал два километра од аеродромот Туношна, додека делови од леталото завршиле во реката Волга.
Од 45 патници во авионот на местото на несреќата загинале 43, а само техничкиот инженер, Александар Сизов, и хокеарот Александар Галимов преживеале. Сепак, поради тешките изгореници Галимов почина на 12 септември.[3]