Џералд Форд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џералд Рудолф Форд Помладиот (анг: Gerald Rudolph Ford, Jr.;[1] роден како Лесли Линч Кинг Помладиот; 14 јули 1913 – 26 декември 2006) ― 38-миот претседател на Соединетите Американски Држави од 1974 до 1977 година. Тој бил единствен претседател на САД кој не бил избран на избори, и единствениот претседател до сега од сојузната држава Мичиген. Претходно бил лидер на Републиканската партија во Претставничкиот дом, а во 1973 година бил назначен за 40-ти потпретседател. По оставката на Ричард Никсон во 1974 година, Форд станал претседател, но бил поразен за изборите за цел мандат во 1976 година.