Џелали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џелали револтите претставуваат серија од бунтови кои се случиле во Анадолија од страна на нерегуларни војски кои биле предводени од провинциските управители против власта на Османлиското Царство во 16 и 17 век. Овие востанија избувнале делумно како обид за постигнување на даночни привилегии, но во суштина востанијата биле потикнувани од туркменските племиња кои сметале дека дале голем придонес во создавањето на империјата, па поради тоа и тие сакале да земат активно учество во управувањето. Првиот револт се случил во 1519 година, за време на владеењето на султанот Селим I во близина на Токат. Други слични востанија се случиле во 1526-1528, 1595-1610, 1654-1655 и 1658-1659 година. Немирите биле ставени под контрола во времето на Мурат IV и како такви се најголемите и најдолготрајните во историјата на Отоманското Царство.