Ramones
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ramones (се чита: Рамоунс) — американска панк-рок група основана во Њујорк во 1974 година. Иако за време на постоењето имала умерен комерцијален успех, денес групата се смета за многу влијателна во панк-културата. Многумина ja посочуваат како првиот панк-рок состав.[1] Сите членови за презиме си го присвоиле псевдонимот Ramone (Рамоун); тие биле инспирирани од Пол Макартни, кој се најавувал во хотелите под името Пол Рамон. Тие одржале точно 2 263 концерти на бројните турнеи кои речиси без престан траеле 22 години. Во 1996 година, одржале проштален концерт во Лос Анџелес и се распаднале.[2]
Ramones | |
---|---|
Рамонс во живо во 1980 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Форест Хилс, Квинс, Њујорк, САД |
Жанрови | Панк рок |
Период на активност | 1974–1996 |
Издавачи | Sire Records (САД & Велика Британија, 1976–1992) Radioactive Records (САД, 1992–1996) Chrysalis Records (Велика Британија, 1992–1996) |
Мреж. место | www.ramones.com |
Поранешни членови | |
Ди Ди Рамоун Џони Рамоун Џо Рамоун Томи Рамоун Марки Рамоун Ричи Рамоун Елвис Рамоун С.Ј. Рамоун |
Сите четворица оригинални членови на групата починале до 2014 година: пејачот Џои Рамон (1951-2001), басистот Ди Ди Рамон (1951-2002), гитаристот Џони Рамон (1948-2004) и тапанарот Томи Рамон (1949-2014).[3] [4] [5] [6] Другите преживеани членови од Рамонс: басистот Си Џеј Рамон (кој го заменил Ди Ди во 1989 година и останал со групата до нејзиното распаѓање) и тапанарите Марки Рамон, Ричи Рамон и Елвис Рамон, и понатаму се активни во музиката.
Рамонс се наоѓаат на 26-то место на списокот од „100 најдобри музичари на сите времиња“ објавен од списанието „Ролинг Стоун“ [7] и на 17-то место на списокот од „100 најдобри хард-рок-музичари“ според VH1.[8] Во 2002 година, списанието Spin ги ставило Рамонс на второ место на списокот на „Најдобри групи на сите времиња“, веднаш зад Битлси.[9] На 18 март 2002 година, основачките членови на групата и Марки Рамон, биле примени во Куќата на славата на рокенролот.[10] [11] Во 2011 година, групата добила Греми награда за животно дело.[12] [13]