Nerium
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леандер (научно: Nerium) ― род на грмушесто или ниско дрвенесто растение кое се одгледува низ целиот свет во умерените и суптропските области како украсно растение. Во родот Nerium е класифициран само видот зокум (Nerium Oleander), кој припаѓа на потсемејството Apocynoideae од семејството кучешки чемери (Apocynaceae). Тој е толку широко одгледуван што не е идентификуван прецизен регион на потекло, иако обично е поврзуван со Средоземјето.
Nerium | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Ред: | Линцуровидни |
Семејство: | Apocynaceae |
Род: | Nerium Л. |
Леандерот расте 2 до 6 м висок. Најчесто се одгледува во својот природен облик на грмушка, но може да се обликува како мало дрво со едно стебло. Тој е отпорен и на суша и на поплави, но не и на долга изложеност на мраз. Белите, розовите или црвените цветови се петчлени и формираат соцветија во текот на целата година, достигнувајќи врв во текот на летото. Плодот е изграден од две долги тесни капачиња, кои кога ќе созреат се одделуваат за да се ослободат голем број на семиња.
Леандерот содржи неколку токсични соединенија поради тоа историски се сметало за отровно растение. Сепак, неговата горчина го прави непријатен за луѓето и за повеќето животни, така што случаите на труење се ретки, а општиот ризик за смртност кај луѓето е низок. Орално внесување на поголеми количини во организмот на човекот може да предизвика гадење, повраќање, прекумерна саливација, абдоминална болка, крвава дијареа и неправилен срцев ритам. Продолжениот контакт со неговиот секрет може да предизвика иритација на кожата, воспаление на очите и дерматит.