Gerridae
From Wikipedia, the free encyclopedia
Gerridae е семејство на инсекти од редот Hemiptera, попознати како газивода. Во согласност со класификацијата на Gerridae како инсекти од подредот Heteroptera, тие имаат уста еволуирани за касање и цицање, и се разликуваат со тоа што имаат необична способност да одат на вода. Тие се анатомски изградени за водата да може да ја издржи нивната тежина, овозможувајќи им да одат на површината на водата. Како резултат, може да се најдат присутни во голем број езера и реки. Опишани се над 1.700 видови Gerridae, од кои 10% се морски.[2]
Gerridae | |
---|---|
Возрасна единка Aquarius remigis | |
Научна класификација | |
Потсемејства[1] | |
|
Додека 90% од Gerridae се инсекти во слатководните реки, езера, итн., океанските Halobates го прават семејството прилично исклучително меѓу инсектите. Родот Halobates првпат било подлабоко проучен меѓу 1822 и 1883 година кога Бучанан-Вајт насобрал неколку различни видови за време на експедицијата „Челинџер“.[3] Истовремено, Ешолц открил три видови на Gerridae, привлекувајќи внимание кон видовите на Gerridae, иако малку од нивната биологија била позната. Оттогаш, Gerridae се изучуваат континуирано заради нивната можност да одат на вода и нивните уникатни социјални одлики. Мали Gerridae често биле грешени со другите инсекти што живеат близу до вода, Veliidae. Најконзистентна одлика што се користи за раздвојување на овие две семејства се разликите во внатрешните гениталии. Но бидејќи за да се испитаат внатрешните гениталии потребна е специфична обука и алатки, скоро е невозможно да се разликуваат со надворешен изглед. Треба да се проучат нивните живеалишта и однесување за правилно да се разликуваат без да се погледне во нивната специфична анатомија .