Шпански фолклор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во Шпанија, како што е случај со сите други народи, фолклорот е составен дел на културниот идентитет. Шпанија имала богата и турбулентна историја низ вековите. Шпанскиот фолклор, митовите и легенди се однесуваат на митовите на оние култури кои постојат во земјата. Во фолклорот на Шпанија е вклучен оној на Галите, Астурците, Кантабријците, Каталонците и Баскијците. Во фолклорот се вклучени и приказните од митологијата на Келтите, Иберите, Картагинците, Визиготите, Маврите од Шпанија, па и легенди од римската и старогрчката митологија.