Шер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шер е музички уметник, глумец, директор и музички продуцент. Таа е општо позната по својот длабок вокал, а исто и како “Божицата на попот”. Шер ја започна својата кариера како помошен вокал, а подоцна ја доживеа својата слава како дел од поп-рок дуото “Sonny & Cher” со големиот успех на хитот "I God You Babe" во 1965 г. Таа подоцна се истакна како соло уметник и стана телевизиска ѕвезда во 1971 г. со шоуто “The Sonny and Cher Comedy Hour “ – вариетска претстава за која ja доби наградата “Златен Глобус”. За доброприфатената изведба во филмот “Silkwood” се здоби со номинација од “Academy Award” за Најдобра Глумица во 1984 г. Во подоцнежните години таа глумеше во неколку хит филмови како: “Mask”, “The Witches of Eastwick” и “Moonstruck” (за кој ја доби наградата “Academy Award” за најдобра глумица во 1988 г.)
Шер | |
---|---|
Шер на премиерата на филмот "Burlesque" во декември 2010. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Шерлин Ла Пјер, Шер Боно [1] |
Роден(а) | 20 мај 1946(1946-05-20) (77 г.) Ел Сентро, Калифорнија, Калифорнија |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | поп-музика, рок-музика, фолк музика, денс-поп, диско, поп-рок |
Занимања | пејачка, глумица, филмски директор, текстописец |
Инструменти | Вокали |
Период на активност | 1965–до денес |
Издавачи | Imperial (1965–1968) Атлантик Рекордс (1965–1967) Atco (1969) MCA (1971–1974) Warner Bros. (1975–1977) Casablanca (1979–1980) Columbia (1982) Geffen (1987–1991) Warner Music UK (1995–2002) Warner Bros. (2003–present) |
Соработници | Сони и Шер, Сони Боно, Тина Тарнер, Кристина Агилера, Бети Мидлер |
Мреж. место | cher.com, Cher's signature |
Шер е единствената соло пејачка која успеа да влезе меѓу првите десет во последните четири декади. Нејзиниот хит "Believe" е нејзиниот најдобро продадениот запис, кој исто така беше прогласен за најдобро продаден сингл во 1999 г. и тоа во 10 милиони копии ширум светот. Таа е добитник и на награда за најдолга успешна кариера од 33 г., почнувајќи од 1965 г. кога го издаде нејзиниот прв сингл, па сè до нејзините последни хитови кои се најдоа на првото место на музичките листи во 1999 г. Турнејата "Farewell" во 2005 г. беше прогласена за најуспешна турнеја досега направена од соло пејачка. Во својата долга кариера од 45 г. таа има продадена околу 10 милиони записи ширум светот. После тригодишната пауза и одморот од турнејата, Шер се врати на сцената во 2008 г. со своето шоу “Cher at the Colosseum” во Лас Вегас.