Диско
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диско — музички жанр. Песните од овој жанр биле на топ листите во текот на средината на 1970 години, а популарноста на овој жанр го достигна врвот на крајот на 70-те години. Неговата почетна публика се состоеше од клабери од Афроамерички, Латино, геј и психоделични заедници во Њујорк и Филаделфија во текот на крајот на 60-те и почетокот на 1970-те години. Диското, исто така, беше реакција против доминацијата на рок-музиката и оцрнувањето на денс музиката од страна на контра-културата во овој период. Претходникот на диско клубовите, во февруари 1970 година, диџејот Дејвид Манкузо од Њујорк го отвори клубот The Loft, приватен денс клуб само за членови поставен во неговиот дом. Сите музички тврдења беа поделени околу тоа дали тоа што го пуштаат Исак Хејс и Бери Вајт може да се нарече „диско-музика“ на почетокот на 1971 година. Според музичкиот водич постои несогласување околу тоа која е првата диско песна. Потврдени беа "Soul Makossa" од Ману Ди Банго 1972 година, "One Night Affair" од Џери Батлер 1972 година, "Rock the Boat" од Хјус Корпорејшн 1974 година, "Rock Your Baby" од Џорџ Меккреј 1974 година и „Kung Fu Fighting“ од Биду и Карл Даглас 1974 година. Првата статија за диското беше напишана во септември 1973 година од страна на Винс Алетифор за списанието „Ролинг Стоун“. Во 1974 година, во Њујорк беше промовирано првото диско радио шоу.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Музичките влијанија ја вклучуваа фанк, латино и соул музиката. Диско звукот беше лесен со пробивни вокали преку строгиот ритам "four-on-the-floor", осмина или шеснаестина нота со отворена hi-hat шема на ексцентричниот проминентен електричен бас, понекогаш составен од октави. Басот Fender Jazz е често поврзан со диско басот, бидејќи самиот инструмент има продорен „глас“ во музичкиот микс. Во повеќето диско траки жичните, дувачките инструменти, електричното пијано и електричните гитари создаваат богат звук во позадина. Оркестарските инструменти како флејтата, често се користени за соло мелодии, а водечката гитара е помалку застепена во диското отколку во рокот. Многу диско песни ги вклучуваат електронските инструменти како што се синтисајзерите.
Добро познатите диско изведувачи од крајот на 1970-те години, Дона Самер, Би Џис, КЦ и бендот Саншајн, Тремпс, Ван Меккој, Глорија Гејнор, Вилиџ пипл, Чик и Џексонс – првите кои ги замешаа прстите во диското како Џексон 5. Самер станува првиот добро познат и најпопуларен диско изведувач, на крај добивајќи го прекарот „кралица на диското“ по повеќекратни критики, а исто така игра улога во основањето на електронскиот звук кој подоцна станува препознатлив елемент на диското. Додека изведувачите и пејачите се бореа меѓусебно за вниманието на јавноста, продуцентите работејќи позади сцената дадоа еднаков, ако не и поголем придонес во диско музиката. Тие често пишуваа песни и создаваа иновативни звуци и продукциски техники, кои беа дел од диско звукот. Многу изведувачи кои не беа дел од диско музиката снимаа диско песни, додека диското беше на врвот на популарноста и филмови како што се „Треска во сабота навечер“ и „ Фала Богу дојде петок“ кои дадоа придонес да се задржи популарноста на диското. Според композиторот Пјеро Скаруфи феноменот диско брзо се прошири бидејќи „колективната екстаза“ на диското беше катарзична и обновлива и водеше кон слобода на изразување. Диското беше последното масовно популарно музичко движење кое беше водено од „Бејби бум“ генерацијата.
Диско музиката беше светски феномен, но во САД ја достигна популарноста во доцните 70-ти- особено во 1979 година. На 12 јули истата година, протестот против диското наречен „Disco Demolition Night“ во Чикаго покажа дека гневната реакција против диско културата се појавува и во САД. Во следните месеци и години, многу музички дела поврзани со диското се бореа да влезат во радио етерот. Неколку изведувачи сè уште успеваа да постигнат диско хитови во раните 80-ти години, но тогаш терминот диско стана демоде во новата декада и на крај беше заменет со денс музика, денс поп и други термини. Иако продукциските техники се сменија, многу успешни дела од 70-те години го задржаа основниот диско ритам и менталитет, а денс клубовите си ја задржаа популарноста.