Френсис Дрејк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сер Френсис Дрејк (англиски: Sir Francis Drake; ~1540 – 27 јануари 1595) — англиски морепловец, гусар, трговец со робје, вицеадмирал и политичар од елизабетанската епоха. Кралицата Елизабета I му доделила витештво на Дрејк во 1581. Бил втор по команда на англиската флота против шпанската армада во 1588, потчинувајќи се само на Чарлс Хавард и на кралицата. Починал од дизентерија во јануари 1596 г.[1] по неуспешниот напад на Сан Хуан во 1595.
Френсис Дрејк Francis Drake | |
---|---|
Портрет на Дрејк по 1590 г. од Маркус Герартс Помладиот | |
Роден(а) | ~ 1540 Тависток, Девон, Англија |
Починал(а) | 27 јануари 1596 Портобело, Панама |
Пиратска кариера | |
Прекар | Змејот шпан. Ел Драке |
Вид | гусар |
Припадност | Кралство Англија |
Период на дејност | 1563 – 1596 |
Чин | вицеадмирал |
Штабно место | Карипско Море |
Заповедал со | „Златна лаѓа“ (порано „Пеликан“) „Бонавенчар“ „Ривенџ“ |
Битки/војни | Англо-шпанска војна Битка кај Гравлин |
Богатство | проц. 126,6 млн. долари |
Неговите достигнувања биле легендарни, правејќи го херој меѓу Англичаните, но пират меѓу Шпанците, меѓу кои бил познат како El Draque, „Змејот“. Неговото име на латински било Franciscus Draco.[2]. Кралот Филип II понудил награда од 20.000 дукати[3] (околу 4,5 милиони денешни евра) за неговиот живот.
Познат е исто така по тоа што го обиколил светот по морски пат (1577 - 1580).