Фердинанд I (Австрија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фердинанд I (германски: Ferdinand I.; 19 април 1793 - 29 јуни 1875) бил Австриски цар од март 1835 година до неговото абдицирање во декември 1848 година. Тој исто така бил крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија (како Фердинанд V), крал на Ломбардија-Венеција и носител на многу други помали титули. Поради неговиот цврст, пасивен, но добронамерен карактер, бил наречен Добриот (германски: Der Gütige) или Добронамерниот (чешки: Ferdinand Dobrotivý, полски: Ferdynand Dobrotliwy).[2]
Фердинанд I и V | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Едуард Едлингер (1843) | |||||
Цар на Австрија Крал на Бохемија Крал на Унгарија | |||||
На престол | 2 март 1835 – 2 декември 1848 | ||||
Крунисување | 28 септември 1830, Пресбург 7 септември 1836, Прага | ||||
Претходник | Франц I | ||||
Наследник | Франц Јосиф I | ||||
Лидер на Президиалмахтот во Австрија | |||||
На позиција | 2 Март 1835 – 12 Јули 1848 | ||||
Претходник | Франц I | ||||
Наследник | Франц Јосиф I | ||||
Роден(а) | 19 април 1793(1793-04-19) Виена, Австрија[1] | ||||
Починал(а) | 29 јуни 1875(1875-06-29) (возр. 82) Прага, Австроунгарија[1] | ||||
Почивалиште | Царската крипта во Виена | ||||
Сопружник | Марија Ана од Савоја (в. 1831) | ||||
| |||||
Династија | Хабсбург-Лотаринги | ||||
Татко | Франц II | ||||
Мајка | Марија Тереза од Неапол и Сицилија | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||
Потпис |
Како најстар син на царот Франц I, го наследил на тронот по смртта на неговиот татко на 2 март 1835 година. По револуциите од 1848 година, Фердинанд абдицирал на 2 декември 1848 година. Него го наследил неговиот внук Франц Јосиф. По абдицирањето, живеел во палатата Храдчани во Прага, до неговата смрт во 1875 година.[3]
Фердинанд се оженил со Марија Ана од Савоја, шестото дете на Виктор Емануел I од Сардинија. Тие немале деца.