Трета Чехословачка Република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трета Чехословачка Република (чешки: Třetí Československá republika, словачки: Tretia česko-slovenská republika), официјално Чехословачка Република (чешки: Československá republika , словачки: Československá republika) — суверена држава од 1945 до 1948 година по крајот на Втората светска војна. Оваа земја не била само резултат на политиката на победничките западни сојузници, Четвртата Француска Република, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, туку и показател за силата на чехословачкиот идеал олицетворен во Првата Чехословачка Република.
Чехословачка Република | ||||||||||||||||||||
Чехословачка Република | ||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||
Гесло Truth prevails "Вистината преовладува" | ||||||||||||||||||||
Химна
Над Татрите светат | ||||||||||||||||||||
Главен град | Прага | |||||||||||||||||||
Уредување | Парламентарна република | |||||||||||||||||||
Претседател | ||||||||||||||||||||
- | 1945–1948 | Едвард Бенеш | ||||||||||||||||||
Премиер | ||||||||||||||||||||
- | 1945–1946 | Зденек Фиерлингер | ||||||||||||||||||
- | 1946–1948 | Клемент Готвалд | ||||||||||||||||||
Историски период | Хладниот војни | |||||||||||||||||||
- | Капитулацијата на Нацистичка Германија | 8 мај 1945 | ||||||||||||||||||
- | Прифатена во Обединетите Нации | 24 октомври 1945 | ||||||||||||||||||
- | Преврат на комунистите | 25 февруари 1948 | ||||||||||||||||||
Валута | Чехословачка коруна | |||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||
Денес во | ||||||||||||||||||||
Меѓутоа, на крајот на Втората светска војна, Чехословачка паднала во советската сфера на влијание и оваа околност доминирала во сите планови или стратегии за повоена реконструкција. Следствено, политичката и економската организација на Чехословачка станала во голема мера прашање на преговори меѓу Едвард Бенеш и прогонетите од Комунистичката партија на Чехословачка (КСЧ) кои живееле во Москва.
Во февруари 1948 година, Комунистичката партија на Чехословачка ја презела целосната власт преку државен удар. И покрај тоа што официјалното име на земјата останало Чехословачка Република до 1960 година, кога било сменето во Чехословачка Социјалистичка Република, февруари 1948 година се смета за крај на Третата Република.