Сулејман Величествениот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сулејман I (османски турски: سلطان سليمان اول, Sultān Suleimān-i evvel или قانونى سلطان سليمان, Kānūnī Sultān Suleimān, турски: I. Süleyman) — десеттиот султан на Отоманското Царство со кое управувал во периодот од 1520 до 1566 г. и со тоа најдолго се задржал на престолот од сите султани. Во европската традиција е познат како Сулејман Величествениот[3] а во источната како Законодавецот (турски: Kanuni; арапски: القانونى, al‐Qānūnī) главно поради воведување на реформи во законодавниот систем на земјата. Освен законодавни, тој спровел и административни, воени, судски, даночни и образовни реформи. Во текот на неговото владеење империјата се протегала од Будимпешта на Дунав до Асуан и реката Нил, заедно со реките Еуфрат и Тигар до Грузија и Гибралтар.
Сулејман Величествениот Сулејман Законодавецот سلطان سليمان اول | |
---|---|
Султан на Отоманското Царство Чувар на двете свети џамии Калиф Емир | |
Период | Територијално проширување на Отоманското Царство |
Крунисување | 30 септември 1520 |
Полно име | Сулејман бин Селим Хан |
Роден | 6 ноември 1494(1494-11-06) |
Место | Трабзон |
Починал | 7 септември 1566 (на 71 година) |
Место | Сигетвар, Унгарија |
Погребан | Сулејманова џамија, Цариград[1][2] (денешен Истанбул) |
Претходник | Селим I |
Наследник | Селим II |
Сопружник | Рокселана |
Wives | Хасеки Хурем султан Махидевран султан |
Потомство | Шехзаде Махмуд (1511–1521) Шехзаде Мустафа (1515–1553) |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
Татко | Селим I |
Валиде султан | Ајше Хафса султан |
Сулејман бил истакнат поет а исто така и голем заштитник на културата, литературата и архитектонскиот развој[4]. Тој зборувал пет јазици: отомански, арапски, чагатаи, персиски и српски јазик.
Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците во изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Рокселана - Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.