Список на тела во Сончевиот Систем по големина
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е делумен список на тела во Сончевиот Систем по големина, дадени според среден зафатнински полупречник и поделени на неколку големински класи. Овие списоци можат да се подредат и според масата на телото, а за најгоелмите тела, и според зафатнината, густината и површинската гравитација, онаму кјашто тие податоци се достапни. Опфатени се Сонцето, планетите, џуџестите планети, многу од поголемите мали тела во Сончевиот Систем (каде спаѓаат астероидите), сите именувани месечини, како и низа помали тела од историски и научен интерес како комети и близуземски тела.
Зададената подреденост е според срениот полупречник наместо според масата; оттука, телата кои се подолу на табелата може да бидат помасивни од оние погоре доколку имаат поголема дустина.
Откриени се голем број на заднептунци; во многу случаи нивната положба на списокот е приближна, што се должи големата неизвесност за нивните пречници поради оддалеченоста од Земјата.
Телата од Сончевиот Систем помасивни од 1021 килограми (еден јотаграм [Јг]) се со сферен облик. Астрономските тела налегнуваат во округли облици (сфероиди), достигнувајќи хидростатичка рамнотежа, кога нивната опствена тежа е доволно голема за да ја надмине структурната јачина на материјалот од кој се сочинети. Се сметало дека прагот за округло тело е некаде помеѓу 100 и 200 км во пречник ако содржат големо количество мраз;[1] меѓутоа, подоцна е утврдено дека има достатно големи месечини како Јапет (1,470 км во пречник) кои не се во хидростатичка рамнотежа,[2] а во 2019 г. е проценето дека многу заднептунци во големинскиот опсег од 400-1000 км може да не се ни наполно цврсти тела, а уште помалку гравитациски заоблени.[3] Телата кои се елипсоидни поради нивната гравитација овде воопштено се нарекуваат „округли“, без оглед дали тековно се во рамнотежа, додека пак оние кои очигледно не се елипсоидни се наречени „неправилни“.
Сфероидните тела обично имаат извесно зарамнување на половите поради центрифугалната сила на нивното вртење, и напати да имаат прилично различни екваторски пречници (разнострани елипсоиди како Хаумеја). За разлика од телата како Хаумеја, неправилните тела имаат изразено неелипсоиден профил, честопати со остри рабови.
Постојат потешкотии во утврдувањето на пречникот за типичните тела подалеку од Сатурн (на пр. 2060 Хирон). Кај пречниците на заднептунците постои одредена извесност, но во случај на недвојните нептунци, масата и густината не се познати со убедлива точност. Кај доста заднептунци се претпоставува дека ја имаат густината на Плутон од 2,0 г/см3. но поденакво можно е да имаат густина на комети од само 0@5 г/см3,[4] На пример, ако имаме заднептунец со неточно претпоставена маса од 3.59×1020 кг врз основа на полупречник од 350 км и густина од 2 г/см3. но подоцна се открие дека полупречникот му изнесува само 175 км и густината 0@5 г/см3. тогаш неговата вистинска маса би изнесувала само 1,12×1019 кг.
Големините и масите на многу од месечините на Јупитер и Сатурн се прилично добро познати поради бројните набљудувања и кружечките летала „Галилео“ и „Касини“; меѓутоа, доста месечини со полупречник под ~100 км, како што е Јупитеровата Хималија, многу понеизвесни маси.[5] Кога се оди подалеку од Сатурн, големините и масите на телата стануваат понеодредени. Досега не е пуштено кружечко летало околу Уран и Нептун кое долгорочно би ги изучувало нивните месечини. За малите надворешни неправилни месечини на Уран како што е Сикоракса, кои не биле откриени со прелетот на „Воџајер 2“ постојат противречни информации од самата НАСА, како оние од Националниот центар за вселенски податоци[6] наспроти оние од Лабораторијата за реактивен погон.[5] Овие извори даваат различни податоци а големината и албедото, зависно од користените научни трудови.
Постојат неизвесности и во податоците за масата и полупречникот, како и неправилности во обликот и густината, при што точноста честопати зависи од близината на телото до Земјата и дали е посетено од сонда.