Список на градови во Романија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Романија е типичен пример за централистички уредена држава, каде доминира главниот град Букурешт, кој денес брои околу 2,5 милиони жители со предградијата. Тој е средиште на државата во вистинска смисла и на сите полиња, без ниту еден друг сличен град во државата. Градовите што го следат се 7 - 8 пати помали од главниот град. Затоа Букурешт самиот сочинува група од првостепени градови.
Второстепени градови се градовите со околу 300.000 жители и тие главно се средишта историските покраини на Романија, рамномерно распоредени на просторот на државата со подрачја на влијание од 1,5 до 2,5 милиони ромунски граѓани. Овде спаѓаат: Јаш, Клуж, Темишвар, Констанца, Брашов, Крајова, Галац. Овие градови се и важни стопански, културни и универзитетски средишта.
Третостепените градови според значењето најчесто се градови - средишта на помалите окрузи во Романија. Тие обично имаат од 50 - 150 илјади жители и ги има околу 30 - 35.