Социјалистичка Република Македонија
службениот назив на македонската држава во рамките на федеративна Југославија за време на периодот 1963-1991 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјалистичка Република Македонија (скратено СР Македонија) ― името на Република Македонија од 12 април 1963 до 1991 и означувало федеративна република во рамките на СФРЈ. До 12 април 1963 година, земјата го носела името Народна Република Македонија и тоа име и државно уредување било сменето врз основа на Одлуката за прогласување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, донесена од Народното собрание на Народна Република Македонија, на заедничката седница на Републичкиот собор и Соборот на производителите.[1]. Во 1991 година по пат на референдумско изјаснување прогласена е независна Република Македонија.
Социјалистичка Република Македонија (СР Македонија) | |
---|---|
Федерална единица на
Социјалистичка Федеративна Република Југославија | |
Знаме |
Грб |
Главен град | Скопје |
Официјален јазик | македонски |
Основана | 2 август 1944 |
Во СФРЈ: - Од - До |
31 јануари 1946 8 септември 1991 |
Површина - Вкупно - Вода |
4 25.713 км2 км² 1.9% |
Население - Вкупно - Густина |
4 (СФРЈ) 2.033.964 79,1/км2 км² |
Парична единица | Југословенски динар |
Часовен појас | UTC+1 |
Портал СФРЈ | |
Територијата која ја опфаќала СРМ, во најголем дел е територијата на Вардарска Македонија. Во текот на своето постоење СРМ, загубила свои делови од територијата кои администртативно влегле и денес се наоѓаат во територијата на Социјалистичка Република Србија. Така сè до 1947 година манастирот Свети Прохор Пчински каде е одржано Првото заседание на АСНОМ, заедно со општините Прешево, Бујановац, Качаник и Витина, административно биле под СР Македонија и учествувале со свои претставници на заседанијата на АСНОМ, за по 1947 овие територии да влезат во составот на СР Србија заедно со уште некои катастарски општини кои припаѓале на Кумановската општина.[2]