Синиша Михајловиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Синиша Михајловиќ (српски: Синиша Михајловић; роден на 20 февруари 1969 во Вуковар, СФР Југославија — починал на 16 декември 2022 во Рим, Италија) — поранешен југословенски и српски фудбалер и фудбалски тренер.
Синиша Михајловиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 20 февруари 1969 | ||
Роден во | Вуковар, СФРЈ | ||
Починал на | 16 декември 2022(2022-12-16) (воз. 53 г.) | ||
Држава |
Југославија СР Југославија (1992-2003) Србија и Црна Гора (2003-2006) Србија (од 2006) | ||
Висина | &100000000000001850000001,85 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 15 јули 2006 (37 г.) - како играч | ||
Младинска кариера | |||
Борово | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1986-1988 | Борово | 41 | (5) |
1988-1990 | Војводина | 73 | (19) |
1990-1992 | Црвена ѕвезда | 38 | (9) |
1992-1994 | Рома | 54 | (1) |
1994-1998 | Сампдорија | 110 | (12) |
1998-2004 | Лацио | 126 | (20) |
2004-2006 | Интер | 25 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
1991 | Југославија | 4 | (0) |
1994-2002 | СР Југославија | 58 | (9) |
2003 | Србија и Црна Гора | 1 | (0) |
Раководител на екипите | |||
2006-2008 | Интер (асистент) | ||
2008-2009 | Болоња | ||
2009-2010 | Катанија | ||
2010-2011 | Фјорентина | ||
2012-2013 | Србија | ||
2013-2015 | Сампдорија | ||
2015-2016 | Милан | ||
2016-2018 | Торино | ||
2018 | Спортинг Лисабон | ||
2019-2022 | Болоња | ||
† Учества (Голови). |
Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера. За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола[1], а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.
Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.[2] Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А, заедно со Андреја Пирло (28).[3]
По завршувањето на играчката кариера, работел како помошен тренер во Интер до 2008 година, а потоа работел како главен тренер и ги водел екипите: Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.