Симеон Богопримец
христијански светец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Симеон Богопримец — христијански светец, жител на Ерусалим и благочестив праведник за кој се зборува во Евангелието според Лука[1]. Во евангелието е опишан само накратко, а повеќе за него се знае од апокрифни извори.
Симеон Богопримец | |
---|---|
Почитуван(а) во | православие римокатолицизам англиканство лутеранство |
Главно светилиште | Црква „Св. Симеон“ во Задар, Хрватска |
Слава | 2 февруари 3 февруари 15 февруари |
Обележја | Исус |
Во времето на македонскиот цар на Египет, Птоломеј II Филаделф, Симеон бил избран како еден од познатите седумдесетмина на кои им била доверена работата на преведувањето на Библијата од хебрејски на грчки јазик. Така, според христијанските верувања Симеон ја работел својата работа совесно, но кога ја преведувал книгата на пророкот Исаија, па дошол до она пророштво: “Ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син”, тој се збунил, па зел режалка да го избрише зборот Девица и да го замени со зборовите: “млада жена” и така да го преведе на грчки. Но, во тој момент, на Симеон му се јавил ангел Божји и го спречил во неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото e вистинито и дека сè e точно запишано. А дека e вистинито и точно, му рекол весникот Божји, ќе се увери и самиот тој лично оти, по Божјата волја, нема да умре додека не Го види Месијата, родениот од Девојка. се зарадувал праведниот Симеон на таквиот глас од небото, го оставил пророштвото неизменето и му се заблагодарил на Бога што го удостојува да доживее и да Го види Ветениот. Кога Исус бил донесен од Богородица Марија во Ерусалимскиот храм, Духот Божји тоа му го јавил на Симеон, кој бил мошне стар и бел како лебед. Симеон брзо отишол во храмот и таму ги познал и Девицата и Младенецот по светлината што зрачела околу главите Нивни како ореол. Радосниот старец го зел Христа во рацете свои и Го замолил Бога да го отпушти сега од овој живот: „сега го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Тука се нашла и пророчицата Ана, ќерката на Фануил, која и самата Го познала Месијата и му Го објавила на народот. Ана тогаш имала 84 години. Наскоро потоа св. Симеон се претставил. Овој праведен старец, Симеон, се смета за заштитник на малите деца[2]. Оваа важна случка во храмот е позната како „Сретение Господово“.
Православната црква неговиот ден го чествува на 3 февруари.