Сибујанско Море
море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сибујанско Море — мало море во Филипините кое ги двои Висаите на југ од Лусон на север.
Кратки факти Сибујанско Море, Подрачје ...
Сибујанско Море | |
---|---|
Островот Сибујан во Сибујанското Море | |
Сибујанското Море (горе лево) на карта | |
Подрачје | |
Координати | 12°40′00″N 122°30′00″E |
Вид | море |
Етимологија | Сибујан |
Затвори
Се граничи со островот Панај на југ, Миндоро на запад, Масбате на исток и Мариндуке и Биколскиот Полуостров (на Лусон) на север.
Поврзано е со Сулското Море преку Таблашкиот Проток на запад, Јужнокинеското Море преку Иславерденскиот Проток на северозапад и Висајското Море преку протокот Хинтотоло на југоисток. Во рамките на Сибујанското Море се наоѓа и архипелагот Ромблон.