Света Гора
полуостров во Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Света Гора (грчки: Άγιον Όρος), офиц. Автономна Монашка Држава Света Гора (Αὐτόνομη Μοναστικὴ Πολιτεία Ἁγίου Ὄρους) — третиот крак на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија. Тоа е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос (Άθως) воедно е име и на познатата планина Света Гора на полуостровот по која е наречена монашката држава. Во областа се сместени на 20 православни манастири и поголем број скитови, во рамките на автономна држава под грчки суверенитет. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Полуостровот, како дел од поголемиот полуостров е долг 60 км, а широк 7-12 км и има површина од 390 км2.
Света Гора Άγιον Όρος / Άθως
|
||
---|---|---|
Местоположба на Света Гора во Грција
|
||
Главен град | Карејаa | |
Јазици | ||
Земја | Грција | |
Уредување | автономна теократска заедница под синодска власт | |
• | Световен управник | Костас Демцас |
• | Протојереј | Стефан Хиландарски |
Стекната автономија | ||
• | Со Уставот на Грција | 1927[1] |
• | Потврдена | 1975 |
Површина | ||
• | Вкупна | 335,63 км2 |
Население | ||
• | Попис 2011 | 1,811 |
• | Густина | 5.40 жит/км2 |
Валута | евро (€) (EUR ) |
|
а. | Место на главната црква[2] и седиште на протојерејот почнувајќи од 911 г. |