Рани центри на христијанството
From Wikipedia, the free encyclopedia
Раното христијанство (обично се сметаат како христијанството кое го опфаќа периодот пред 325 година) се проширело од источниот дел на Средоземјето во Римското Царство и пошироко во Источна Африка и Јужна Азија, па сè до Индија. Во почетокот, овој развој или ширење на христијанството било тесно поврзано со центрите на хебрејската вера, како Светата земја и еврејската дијаспора. Исус и неговите следбеници биле првите евреи кои историчарите ги посочиле како еврејски христијани.
По Христовото распнување, Јаков Праведниот го презел управувањето со Ерусалимската црква. Голем дел од апостолите пак заминале надвор од Ерусалим, основајќи ги првите христијански заедници. Раните христијани обично се собирале во мали приватни домови, познати како куќни цркви[1], но целата христијанска заедница го користела терминот црква кој збор во превод на грчки значи собор или толпа.
Голем дел од раните христијани биле трговци, кои поради своите потреби често патувале кон Северна Африка, Мала Азија, Арабија, Македонија, Грција, и други места[2][3][4]. До 100 година, биле основани повеќе од 40 такви заедници, од кои најголем дел биле формирани во Анадолија, познати како Седумте цркви во Азија[3][4]. До крајот на 1 век, христијанството започнало да се шири кон Рим, Индија како и главните градови на Балканот, Мала Азија и Сирија, кои послужиле подоцна како главни центри за христијанската експанзија.