Пјер Симон Лаплас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјер Симон Лаплас (француски:Pierre-Simon Laplace; роден во Бомонт ан Ож на 23 март 1749 — починал на 5 март 1821 Париз) — француски астроном, физичар и математичар, и претставува најистакнат претставник на теорија на веројатноста во 19 век. Делото од голема важност за полето на веројатноста, „Аналитичка теорија на веројатност“ (Théorie analytique des probabilités), значајно го поттикна развојот на математичката веројатност, како и на статистиката сè до почетокот на 20 век. Неговото име се наоѓа помеѓу најголемите и најзначајните имиња во науката на сите времиња, и е таканаречениот, со право, Француски „Њутн“. Работел на подрачјето на небесната механика, се занимавал со теоријата на електрицитетот, со капиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапласова теорија за настанокот на Сончевиот Систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат Небесна механика, Преглед на историјата на астрономијата. Роден за време на владеењето на Луј XV, тој ја согледува револуцијата, отфрлајќи го стариот режим преку воспоставување на нова социјална и политичка состојба.
Пјер Симон Лаплас | |
---|---|
Пјер Симон Лаплас (1749–1827). Посмртен портрет, 1842 | |
Роден(а) | 23 март 1749 (Бомон ан Ож, Нормандија, Франција |
Починал(а) | 5 март 1827(1827-03-05) (возр. 77) Париз, Франција |
Националност | Франција |
Полиња | Астроном и математичар |
Ментори | Жан Лерон Даламбер, П. Ле Кан, К. Гадблед |
Познат по | Лапласова трансформација, Лапласов демон |
Потпис |