Птици (филм)
филм / From Wikipedia, the free encyclopedia
„Птици“ (англиски: The Birds) — американски трилер- и хорор-филм од 1963 година во режија на британскиот режисер Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock). Главните улоги ги толкуваат: Род Тејлор (Rod Taylor), Типи Хедрен (Tippi Hedren), Џесика Тенди (Jessica Tandy), Сузан Плешет (Suzane Pleshette), Вероника Картрајт (Veronica Cartwright) и Етел Грифис (Ethel Griffies). Автор на сценариото е Еван Хантер (Evan Hunter) според повеста на британската писателка Дафни ду Морие (Daphne du Marurier) од 1952 година, каде се опишува животот на едно семејство на нивната фарма на брегот на Корнвол, Англија која одненадеж повеќекратно во бранови ја напаѓаат морски птици (галеби, врапчиња и гаврани). Филмот претставува пресвртна точка во творештвото на Хичкок, кој своето препознатливо градење на напнатоста го спојува со елементите на хорор-филмовите при што го напушта подрачјето на реалноста. Истовремено, „Птици“ преставуваат и пресвртница во целата американска кинематографија, зашто им претходи на т.н. филмови на катастрофата кои биле многу популарни во 1970-тите. Инаку, својот вообичаен потпис во филмот Хичкок го става веќе во првиот кадар во кој се појавува на излезот од продавницата за домашни миленици, водејќи со себе две кучиња.[1]
„Птици“ | |
---|---|
Постер од филмот (1963) | |
Режисер | Алфред Хичкок |
Продуцент | Алфред Хичкок |
Главни улоги | Род Тејлор Типи Хедрен Џесика Тенди Сузан Плешет Вероника Картрајт |
Монтажа | Џорџ Томасини |
Дистрибутер | Universal Pictures |
Премиера | март 28 1963 (1963-03-28) |
Времетраење | 119 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | 3.300.000 $ |
Бруто заработка | 11.403.529 $ |