Претседателски избори во САД, 1792 — втори претседателски избори во САД. Траеле од 2 ноември до 5 декември 1792. Дотогашниот претседател на САД Џорџ Вашингтон бил по вторпат бил едногласно избран од страна на избирачкиот колегиум. Исто како и на претходните први избори, Вашингтон немал конкуренција. Правилата на избирачкиот колегиум во тоа време го овластувале секој избирач да даде по два гласа без да има разлика дали гласот е даден за кандидат за претседател или потпретседател. Оној кој добил најголем број на избирачки гласови станал претседател, а оној кој втор по ред освоил најмногу гласови - потпретседател. Дотогашниот потпретседател Џон Адамс добил 77 гласови и исто така бил реизбран (Вашингтон добил 132 избирачки гласови, или по еден од секој избирач).
Кратки факти 132 избирачки гласови на Избирачкиот колегиум 67 избирачки гласови гласови за победа, Кандидат ...
Претседателски избори во САД, 1792
|
|
|
132 избирачки гласови на Избирачкиот колегиум 67 избирачки гласови гласови за победа |
|
|
|
Кандидат |
Џорџ Вашингтон |
|
|
Партија |
Независен |
|
Матична држава |
Вирџинија |
|
Изборнички гласови |
132 |
|
Застапувани држави |
15 |
|
Добиени гласови |
28.579 |
|
Удел |
100% |
|
|
|
Мапа на резултатите од изборите. Бројките го означуваат бројот на избирачки гласови распределени по сојузна држава. |
|
Затвори
Овие избори биле првите во која секоја од 13 сојузни држави имала избирачи (плус Кентаки и Вермонт). Исто така овие се единствените американски претседателски избори кои не се одржале точно четири години по претходните избори, иако сепак дел од претходните одржани избори бил одржан точно четири години претходно. Инаугурацијата се случила на 4 март 1793 во канцеларијата на Сенатот при Конгресната сала во Филаделфија.