Предлошка:Дали сте знаеле
шаблон на Википедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Внимание! Оваа предлошка се превметнува непосредно на Главната страница. Може да ја уредуваат само корисници со сметка. Осигурајте се дека постои консензус за Вашите измени. Благодариме. |
Во интерес на големината на содржината, за секоја новододадена занимливост од ДсЗ на врвот, отстранете една стара од дното и ставете го на врвот од архивата, благодариме.
Можете да додадете {{subst:ДСЗФ|Именастатијата}} на страницата за разговор на корисниците кои дале значителен придонес врз статијата од која е извлечена занимливоста. |
- ... дека Скопска Црна Гора е наречена „Скопска“ за да се различи од истоимената планина помеѓу Серско и Драмско во североисточна Беломорска Македонија?
- ... дека Полска-Литванија била една од најголемите држави во Европа и постела повеќе од два века?
- ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
- ... дека областа Барања е поделена помеѓу Унгарија и Хрватска?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... Џон Кабот (Џовани Кабото) е првиот европски откривач на Северна Америка, не сметајќи ги Викинзите?
- ... Тајане е македонски календарски обичај поврзан со празникот раѓањето на Јован Крстител?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?
- ... дека првата банкнота во Европа е издадена во Шведска во 1661 година?
- ... дека највисоката планина во Австралија е наречена по полско-литванскиот национален херој Тадеуш Кошќушко?
- ... дека самопрогласената Баварска Советска Република постоела помалку од еден месец?
- ... дека Кузман Шапкарев му бил зет на Димитар Миладинов?
- ... дека стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
- ... дека Удовскиот Остров на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор по површина во земјата?
- ... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
- ... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите?
- ... дека Кристофер Колумбо никогаш не стапнал на самиот северноамерикански континент?
- ...дека во 843 г. Франкија е поделена на три дела помеѓу синовите на Лудвиг Побожниот, внуци на Карло Велики, и дека од овие кралства потекнуваат денешните земји Германија, Франција и Италија?
- ... дека во делото „Математички начела“ (Principia Mathematica), Бертранд Расел и Алфред Н. Вајтхед даваат доказ дека 1+1=2?
- ... дека баобабот во своето стебло складира до 120.000 литри вода?
- ... дека Турку останал најголем град во Финска дури и кога три четвртини од него изгореле во пожар?
- ... дека половината сојузни држави на САД носат имиња добиени од домородните американски јазици?