Полско-литванска Државна Заедница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Полско-литванска Државна Заедница или Жечпосполита (официјално: „Земја на Двата Народа“, „Жечпосполита на Двата Народа“; полски: Rzeczpospolita Obojga Narodów; литвански: Žečpospolita Abiejų tautų respublika; латински: Serenissima Res Publica Poloniae) — федерација меѓу Кралството Полска и Големото Кнежевство Литванија, кое постоело во периодот од 1569 до 1795 година. Земјата во текот на своето постоење била една од најголемите во Европа.[б][в][1][2]
Кралство Полска и Големо Кнежевство Литванија | ||||||
Државна заедница | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло латински: Si Deus Nobiscum quis contra nos (Ако Бог е со нас, тогаш кој е против нас) Pro Fide, Lege et Rege (латински: За верата, правото и кралството, 18 век) | ||||||
Полско-Литванската ДЗ во 1619 | ||||||
Главен град | Полско-Литванска ДЗ: Краков, Варшава (1600); Големо Кнежевство Литванија: Вилнус [а] | |||||
Јазици | ||||||
Вероисповед | Видете го списокот
| |||||
Уредување | Наследна монархија (1569 — 1573), Изборна монархија (1573 — 1791), Наследна монархија (1791 — 1795) | |||||
Кралеви | Список | |||||
Големи војводи | Список | |||||
Законодавство | Сејм | |||||
Историја | ||||||
- | Лублински Сојуз | 1 јули 1569 | ||||
- | Прва поделба | 5 август 1772 | ||||
- | Третомајски устав | 3 мај 1791 | ||||
- | Втора поделба | 23 јануари 1793 | ||||
- | Трета поделба | 24 октомври 1795 | ||||
Површина | ||||||
- | 1582 | 815000 км² | ||||
- | 1618 | 990000 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1582 | 6500000 | ||||
Густина | 8 жит/км² | |||||
- | 1618 | 10500000 | ||||
Густина | 10.6 жит/км² | |||||
Сојузот имал некои специфични одлики. Така, политичкиот систем (познат и како „Златна слобода“) се одликувал со строга контрола врз власта на монархот. Оваа контрола била спроведувана од страна на законодавното тело „сејм“, коешто било под контрола на аристократијата („шлахта“). Ваквиот политички систем претставувал предвесник на современите концепции на демократијата,[3]уставната монархија[4][5][6] и федерацијата.[7] Двете земји, кои го сочинувале сојузот биле формално еднакви, но сепак Полска била доминантен партнер во сојузот.[г]
Полско-литванската Државна Заедница се одликувала со висок степен на етнички диверзитет и невообичаена верска трпеливост,[д][8] којашто сепак, со тек на време се менувала.[9]
По неколку декади на моќ, за време на Златниот век на заедницата,[ѓ][10][11] државата се соочила со период на политичко,[6][12] воено и економско[13] опаѓање. Слабостите кои брзо се појавувале довеле до нејзините поделби, меѓу соседите: Австрија, Прусија и Русија, на крајот од XVIII век. Кратко пред пропаѓањето, биле направени обиди за големи реформи и притоа бил донесен уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја.[е][14][15][16]