Краков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Краков (полски: Kraków, Кракув) — град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското Војводство и историската Малополска.
Централниот плоштад во Краков | |||
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Краков (црвената точка) на картата на Полска | |||
Координати | |||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Краков Kraków | ||
Прво доселување | о. 9 век | ||
Основан | 5 јуни, 1257 | ||
Поштенски број | 30-001 до 31-999 | ||
Повикувачки број | (+48) 12 | ||
Автомобилска ознака | KR | ||
Портал | krakow.pl | ||
Управа | |||
Земја | Полска | ||
Војводство | Малополско | ||
Округ | Краковски | ||
Општина | Краков | ||
Градоначалник | Јацек Мајхровски | ||
Географија | |||
Површина | 326,8 km² | ||
Надморска височина | 188–383 m | ||
Население | |||
Население | 769 498 (2018) | ||
Густина | 2354 ж./km² (2018) | ||
Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други.
Денес Краков е општински град и седиште на властите на Малополското Војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на Уметностите“, „Стариот народен театар“, „Народен Музеј“, „Јагелонска библиотека“ и др. Градот има многу важна административна, културна, образовна, топанствена и туристичка функција. Тој е клучна патна и железничка крстосница. Во близина на Краков се наоѓа втор по големина аеродром (Балице) во Полска со меѓународно значење до кој од градот може да се стигне со помош на железница.