Полдер
вештачки земјиштен облик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Полдер (холандски: polder) — ниско крајбрежно земјиште исцедено од вода и одвоено од неа со затворени насипи. Постојат три вида полдери:
- Мелиорирани од водна површина како езеро или морско тло
- Плавни земјишта одделени од море или река со насип/брана
- Мочуришта одделени од околната ода со насип и потоа исцедени; во германија го носи името „ког“ (koog)
Тлото на исцедените мочуришта тоне со текот на времето. Сите полдери со време се спуштаат под нивото на околната вода. Таа навлегува во нив по пат на инфилтрација и притисок од подземните води, со врнежи или дотур од реки и канали. Овој вишок вода се испумпува или исцедуца со отворање на засуни при осека. Се внимава внатрешниот водостој да не биде пренизок. Полдерското земјиште сочинето од тресет (поранешно мочуриште) тоне поради разградувањето на тресетот кога е изложен на кислород од воздухот.
Полдерите се под постојан ризик од поплавување, и затоа особено внимание се обраќа на заштитата на насипите. Тие се направени од месно расположливи материјали, и секој материјал има свои опасности: песокот може да се урне ако се презасити со вода; сувиот тресет е полесен од водата и може да не ја задржи ако сезоната е мошне сува. Некои животни копаат тунели во препреката, која потоа пропушта вода; во некои европски земји бизамските стаорци се ловат поради ова поведение. Полдерите обично се среќаваат во речни делти, поранешни слатини и крабрежни подрачја.
Во минатото поплавувањето на полдерите било воена тактика. Таков пример е поплавувањето на полдерите крај реката Изер за време на Првата светска војна. Силите на Антантата да ја запрат германската армија отворајќи ги засуните на плима и затворајќи ги на осека, со тоа претворајќи ги полдерите во непристапни мочуришта.
Холандија има големи полдерски површини: дури 20 % од територијата е преземена од морето, што придонело кој развојот на земјата. Најпознат полдерски проект во Холандија е Ајселското Езеро. Други земји со поголеми полдери се Бангладеш, Белгија, Канада и Кина. Помали полдери има во разни други земји. Позначајни полдери во Холандија се Бемстер, Схермер, Флевополдер и Нордостполдер.