Прилив и одлив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прилив и одлив[1][2][3][4] (морски мени) — растот и снижувањето на морското ниво предизвикано од заедничкото дејство на гравитациските сили на Месечината и Сонцето и вртењето на Земјата.
Некои крајбрежја имаат две скоро подеднакви приливи и одливи секојдневно, наречени полудневни плими. Некои места пак имаат само по една плима и осека дневно, наречени дневни плими. Некои пак места имаат две временски нееднакви плими и осеки дневно, или пак една плима и осека дневно, овие се наречени мешани плими. Времето и висината на плимата на одредено место зависат од подреденоста на Сонцето и Месечината, од плимите во длабокиот океан, од амфихидромните системи на океаните, и од формата на крајбрежјето и самата батиметрија (види Временски период).[5][6][7]
Плимите имаат променлив временски карактер од неколку часа па сè до неколку години и сето ова зависи од бројни влијанија. За да се направат прецизни записи, плимомери се поставуваат на одредени мерни станици за да се мери водостојот со текот на времето. Направите ги занемаруваат промените предизвикани од брановите со периоди пократки од неколку минути. Овие податоци се споредуваат со еден одреден појдовник (датум) на водостој кој се нарекува главно морско ниво.[8]
Знаејќи дека плимите се најголемиот извор на кратко времени промени на нивото на морето, моркото ниво е подложно и на промени предизвикани од сили како ветерот и промената бариометрискиот притисок, кој предизвикува временски непогоди претежно во плиткото крајбрежје и самиот брег.
Плимата како појава не е ограничена само на океаните, може да се забележи и во други системи каде гравитациското поле е променливо со текот на времето. На пример, копнениот дел од Земјата е под дејство на плимните сили но оваа промена е тешко забележлива како онаа кај водените површини.