Отоманското Царство во Првата светска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отоманското Царство учествувало во Првата светска војна на страната на Централните сили. Младотурската влада потпишала таен договор за создавање на сојуз помеѓу империјата и Германија во август 1914 година. Отоманското Царство официјално во војната влегла по Гебенскиот и Бреславскиот инцидент. Војната за Османлиите завршила катастрофално во 1918 година кога бил потпишан Севренскиот договор. Според договорот, Месопотамија (Ирак), Палестина и Трансјорданија биле дадени на Велика Британија под протекторат на Лигата на народите; Сирија и Либан на Франција. Освен тоа, според договорот, североисточните региони од Анадолија биле дадени на Ерменија, северен Епир бил даден на новосоздадената држава Албанија, источна Тракија со исклучок на Цариград, Босфорот и Дарданелите на Грција.