Оптоелектроника
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оптоелектроника — поле на електрониката кое се занимава со уреди кои емитуваат, востановуваат и контролираат светлина. Ова обично се смета за гранка на фотониката. Во овој контекст, покрај видливите облици на светлосно зрачење под „светлина“ подразбираме и зрачења како гама-зраците, X-зраците, ултравиолетовите и инфрацрвените зраци. Оптоелектронските уреди се претворачи од оптички во електрични сигнали и обратно, или пак инструменти кои користат такви уреди при нивната работа. Честопати се среќава поимот „електрооптика“ како синоним, но ова е погрешно, бидејќи тоа е поширока гранка на физиката која се занимава со сите заемни дејства помеѓу светлината и електричните полиња, без разлика дали се работи за уред.
Оптоелектрониката се заснова на квантномеханичките ефекти на светлината врз полупроводните материјали, напати во присуство на електрични полиња.
- Фотоелектричен или фотонапонски ефект, со примена:
- фотодиоди (вклучувајќи сончеви ќелии)
- фототранзистори
- фотомултипликатори
- интегрално оптичко коло (IOC) - елементи
- Светлоспроводливост, со примена:
- фотоотпорници
- фотопроводливи цевки
- Уреди со напојни врски (CCD)
- Стимулирано зрачење, со примена:
- инјективни ласерски диоди
- квантни каскадни ласери
- Лосев ефект, или зрачна прекомбинација, со примена:
- Светлечки диоди (LED)
- Фотозрачење, со примена:
- фотозрачна цевка
Важни примени на оптоелектрониката:
- Оптоспојка
- оптички влакна во телекомуникациите