Окрузи во Романија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Романија се дели на 41 округ (романски: [județ] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), жудец) и општината Букурешт, сите со своја месна самоуправа. Највеќето се наречени по реки, а некои го носат името на значаен град во нив.
Првите окрузи во Романија водат потекло од единиците наречени цинутури во кнежевствата Влашка и Молдавија од крајот на XIV век, а можеби и порано. Од создавањето на современа Романија во 1859 г., па наваму, системот на административна поделба имал сличен карактер како департманите во Франција. Со тек на време, системот е менуван повеќепати. Пред Втората светска војна земјата имала 71 округ, а по 1968 г. — само 39. Од 1960-тите досега се користи истиот систем, со неколку измени, од кои последната е направена во 1997 г.
Според пописот од 2011 г., просечното население на окрузите изнесува 445.000 жители, при што највеќе жители има округот Јаш (772.000), а најмалку Ковасна (210.000). Просечната површина изнесува 5.809 км2, при што најголем округ е Тимиш, со (8.697 км2), а најмал е Илфов, со (1583 км2). Општината Букурешт, која има ист управен степен како окрузите, е понаселена и помала од другите, со 1.883.425 и само 228 км2.