Нобелова награда за физика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нобелова награда за физика (шведски: Nobelpriset i fysik) — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на физиката. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833-1896). Останатите награди се: Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за физиологија или медицина, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.[1]
Нобелова награда за физика | |
---|---|
Држава | Шведска |
Мрежно место | http://nobelprize.org/ |
Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на Нобеловата задолжбина, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките.[2] Првата Нобелова награда за физика е доделена во 1901 година на Вилхелм Конрад Рентген, од Германија.
Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година.[3] Во 1901 година, Рентген добил 150.782 шведски круни, што е околу 7.731.004 шведски круни во декември 2007 година. Во 2008 година, наградата им е доделена на Макото Кобајаши, Тошихиде Маскава и Јоичиро Намбу, кои поделија износ од десет милиони шведски круни (малку повеќе од 1 милион €, или 1,4 милиони американски долари.[4]
Наградата се доделува на секој 10 декември во Стокхолм, на годишницата од смртта на Нобел.[5]