Мануел Белграно
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мануел Хосе Хоакин дел Корасон де Хесус Белграно и Гонсалес (шпански: Manuel José Joaquín del Corazón de Jesús Belgrano y González; 3 јуни 1770 – 20 јуни 1820), често именуван како Мануел Белграно, бил аргентински економист, правник, политичар и воен водач. Тој останал заначан за јужноамериканската историја поради неговите придонеси и водство во Аргентинската војна за независност, како и создавањето на аргентинското знаме како национален симбол на државата. Тој се смета за еден од главните „Ослободувачи“ („Либертадори“, Libertadores) на Аргентина.
Мануел Белграно | |
---|---|
Портрет на Белграно од Франсоа-Касимир Карбонер, насликан кога Белграно бил на дипломатска мисија во Лондон | |
Роден | 3 јуни 1770(1770-06-03) Буенос Аирес, Гувернарија Рио де ла Плата, Вицекралство Перу (денес Аргентина) |
Починал | 20 јуни 1820(1820-06-20) (возр. 50) Буенос Аиресs, Обединети покраини на Рио де ла Плата |
Националност | Аргентинец |
Алма матер | Универзитет во Ваљадолид |
Партија | Карлотизам, патриот |
Вероисповед | Римокатолик |
Партнер | Марија Хосефина Ескура, Марија Долорес Елгеро |
Потпис |
Белграно е роден во Буенос Аирес и било четврто дете на италијанскиотп трговец Доминго Белграно и Пери и неговата сопруга Хосефа Касеро. Тој се запознал со идеите на просветителството додека бил студент во универзитетот во Шпанија, во период кога се одвила француската револуција. По неговото враќање во Вицекралството Рио де ла Плата, каде што станал истакнат член на криолското население на Буенос Аирес, тој се обидел да промовира некои од новите политички и економски идеали, но се сепак во тоа време се соочил со голем отпор од локалното насееление родено во Шпанија, т.н. „полуостровци“. Ова одбивање го приморало да вложи труд во борбата за поголема автономија на неговата земја од шпанскиот колонијален режим. Првично, Белграно неуспешно ги промовирал стремежите на Карлота Хоакина, која се стремела да биле владетел на вицекралството во периодот кога шпанскиот крал Фернандо VII бил заробен во екот на Полуостровската војна. Следствено на тоа, и следејќи ги политичките превирања во Империјата, Белграно застанал како голем поддржувач на Мајската револуција, со која се отстранил вицекралот Балтасар Идалго де Сиснерос на 25 мај 1810. Тој бил избран за член со право на глас во „Примера хунта“, локалната нова власт во државата.
Како делегат на хунтата, тој ја предводел лошо организираната парагвајска кампања. Неговите трупи биле поразени од Бернардо де Валеско во битките за Кампичуело и Парагвари. Иако бил поразен, кампањата иницирала сплет на настани кои резултирале со независност на Парагвај во мај 1811 година. Тој се повлекол во Росарио, за да се зајакнат патриотските упоришта поради можните напади на монархистите од Банда Ориентал. Додека бил таму тој го создал знамето на Аргентина. Првиот триумвират не го прифатил знамето, но поради бавната комуникација, Белграно за тоа разбрал неколку седмици подоцна, додека ја засилувал Армијата од Северот во Хухуј. Таму, знаејќи дека не бил во стратешка предност во однос на монархистите кои доаѓале од Горно Перу, Белграно го наредил Хухујскиот егзодус, со што се евакуирало целото население од покраината Хухуј во Сан Мигел де Тукуман. Неговиот контра напад со Битката во Тукуман резултирала со клучна стратешка победа и наскоро била проследена од целосна победа со Битката во Салта. Сепак, длабокото навлегување во Горно Перу довело до порази за време на Битката во Вилкапугио и Битката во Ајоума. Тоа довело до негова смена како командир на Армијата од страна на Вториот триумвират, и на негово место бил поставен Хосе де Сан Мартин. Во меѓувреме Собранието од XIII година го одобрило знамето на Белграно како национално воено знаме.
Подоцна, Белграно тргнал на дипломатска мисија во Европа заедно со Бернардино Ривадавија. Целта на мисијата била да побараат поддршка за револуционерната влада. Тој се вратил во Аргентина кога зел учество во Тукуманскиот конгрес, настан со кој се објавила независноста на Аргентина во 1816 година. Тој го промовирал планот на Инка со кој државата требало да биде уставна монархија, управувана од монарх со Инка-потекло. Овој предлог имал поддршка од Сан Мартин, Мартин Мигел де Гуемес, и други значајни покраински делегати, но оваа идеја била веднаш отфрлена од Буенос Аирес. Тукуманскиот конгрес ја одобрил употребата на знамето како национално знаме на новата држава. По овие настани, Белграно повторно бил поставен на чело на Армијата на Северот, но неговата мисија била ограничена со заштита на Сан Мигел де Тукуман од манархистички напади. Кога Хосе Хервасио Артигас и Естанислао Лопес станале сериозна опасност за напад на Буенос Аирес, Белграно ја пратил армијата јужно, но војниците дезертирале во јануари 1820 година. Белграно умрел на 20 јуни 1820 година од едема.