Лудвиг Побожниот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лудвиг Побожниот (778 – 20 јуни 840 ), наречен и Праведниот, или Отмениот,[1] — крал на Аквитанија од 781 година. Тој бил и крал на Франките и совладетел (како Лудвиг I) заедно со својот татко, Карло Велики, цар на Светото Римско Царство од 813 година.
Лудвиг Побожниот | |
---|---|
Лудвиг побожниот, приказ од 826 година како Новозаветни воени метафори (Христов воин), со поема од Рабан Маур | |
крал на Франкија | |
На престол | 814–840 |
Крунисување | 13 септември 813, Ахен |
Претходник | Карло Велики |
Наследник | Лотар I Лудвиг II Карло Ќелавиот |
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 813–840 |
Крунисување | Од Стефан VI: 5 октомври 816, Ремс |
Претходник | Карло Велики |
Наследник | Лотар I |
Крал на Аквитанија | |
На престол | 781–814 |
Претходник | Карло I како крал на Франките |
Наследник | Пипин I |
Роден(а) | 778 Шаснеј ди Поату |
Починал(а) | 20 јуни 840 (на 61–62 г.) Ингелхајм |
Почивалиште | Опатија Свети Арнолд |
Сопружник | Ирменгарда Хезбајска Јудита Баварска |
Деца |
|
Династија | Каролинзи |
Татко | Карло Велики |
Мајка | Хилдегарда |
Каролишка династија |
Пипиниди
|
Арнулфинги
|
Каролинзи
|
По Вердунскиот договор (843)
|
Како единствен останат син на Карло Велики и Хилдегарда, тој бил единствениот владетел на Франките по смртта на неговиот татко во 814 година, каде останал сè до неговата смрт со исклучок на периодот од 833 до 834 година кога бил симнат од престолот.
За време на неговото владеење во Аквитанија, Лудвиг бил задолжен за одбрана на југозападните граници на царството. Тој ја освоил Барселона од муслиманите во 801 и ја наметнал франската власт над Памплона и Баскија јужно од Пиринеите во 812 година. Како цар тој ги вклучил во своето владеење возрасните синови, Лотар, Пипин и Лудвиг, и посакувал да постигне подеднаква распределба на владенијата меѓу нив. Првата декада од неговото владение било окарактеризирано со неколку трагедии и осрамувања, особено бруталниот однос кон неговиот внук Бернар Италијански, за што Лудвиг се покајал јавно преку самопонижување.
Во 830-ите царството било вовлечено во граѓанска војна меѓу неговите синови, предизвикана од обидите на Лудвиг да го вклучи својот син Карло во плановите за распределба на наследството. Иако неговото владеење завршило во мир, при што редот бил воспоставен низ царството, следеле три години на граѓанска војна. Лудвиг вообичаено се споредува со неговиот татко, иако проблемите со кои се соочил биле од поинаква природа.