Лублинско Војводство
војводство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лублинско Војводство (полски: województwo lubelskie) — војводство во југоисточна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Лублинско, Хелмско, Замошко, Бјалоподласко и (делумно) Тарнобжешко и Шедлечко, согласно управните реформи усвоени претходната година. Наречена е по градот Лублин, за ја зафаќа територија на четири историски краишта: Малополска во западниот, Црвена Русија во источниот и Полесје и Подласје во североисточниот дел.
Лублинско Војводство Województwo lubelskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Гесло: Smakuj życie! (Вкуси го животот!) | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Лублинското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Лублин | ||
Окрузи | 4 градски, 20 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 25.155 км2 (9,712 ми2) | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 2.133.340 | ||
• Густина | 85/км2 (220/ми2) | ||
• Градскo | 992.003 | ||
• Селско | 1.141.337 | ||
Рег. таб. | L | ||
Мреж. место | http://www.lubelskie.pl/ | ||
|
Се граничи со следниве војводства: Поткарпатското на југ, Светокришкото на југозапад, Мазовското на запад и север, Подлаското (во мала мера) на север и Белорусија и Украина на исток. Во 2019 г. војводството имало 2.133.340 жители[1]. Зафаќа површина од 25.155 км2, приближно колку територијата на Република Македонија.