Културна револуција
социополитичко движење во Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Големата пролетерска културна револуција (кинески: 无产阶级文化大革命; традиционален кинески: 無產階級文化大革命; пинјин: wúchǎn jiējí wénhuà dà gémìng) — термин со кој се означува масовна кампања во Народна Република Кина, организирана од комунистичкиот партиски водач Мао Це Тунг од 1966 до октомври 1976 година, насочена против партиски функционери и интелектуалци кои Мао и неговите следбеници го обвиниле за предавство на револуционерните идеи и според неговите зборови станале поддржувачи и проводници на капитализмот. Овој период се одликува со крајна политизација во сите области на животот во градовите, проследена со безредие во активностите на студентите и работниците од пониските слоеви на општеството, хаос во партиското раководство, засилен терор на сите нивоа во земјата и политичка катаклизма, придружена со насилство. Во овој период култот кон личноста на Мао достигнал огромни размери.
Културна револуција
| |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески | 文化大革命code: zh is deprecated | ||||||||||||||||||||||||
Буквално: | Голема културна револуција | ||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
Formal name | |||||||||||||||||||||||||
Традиционално | 無產階級文化大革命code: zh is deprecated | ||||||||||||||||||||||||
Упростено | 无产阶级文化大革命code: zh is deprecated | ||||||||||||||||||||||||
Буквално: | „Голема пролетерска културна револуција“ | ||||||||||||||||||||||||
|
Главните цели на Културната револуција се афирмација на ставовите на Мао во раководството на Кинеската комунистичка партија, во својство на државна идеологија и во рамките на борбата против ставовите на политичката опозиција, како и чистење на државата од т.н. Стари елементи - либералисти кои според Мао се загрозени да се претворат во нова буржоазија и да го обноват капиталистичкиот поредок.
Овој процес ја зафатил целата земјата, влијаела и врз рураленните региони, се распространил врз работничката класа и конечно меѓу војниците од армијата кое довело до создавање на народни комитети на работниците, војници и партиски кадри, кои функционирале како органи со двојна власт во различните задачи на администрацијата и владата. Мао истите ги ставил под раководство на партијата. Оваа состојба траела до 1976 година, кога со помош на воен удар на чело со Денг Сјаопинг, и со тешки репресии, се опоравила власта на фракцијата предводена од него, по кое следело пристапување кон апсењето на Бандата на четворицата и враќање на статус кво, преземање на промени во економијата, во форма на социјализам со пазарни одлики на капиталистичка пазарна економија.
Според вообичаеното толкување, кое обично се шири во западните медиуми, во основата на Културната револуција е борбата за власт, стремежот на Мао Це Тунг да си го поврати раководството, поддржан од амбициите на другите членови на партијата, при кое неговата сопруга Џијанг Кинг и Лин Бјао, како командант во армијата. Целта била одземање на политичката власт од Лиу Шаоки - шеф на државата, и Денг Сјаопинг - генерален секретар на партијата. Културната револуција завршила со IX-иот конгрес на Комунистичката партија на Кина во април 1969 година, кога Мао го најавил официјалниот нејзин крај. Иако во следните години ситуацијата до одреден степен била мирна, поголем значителен политички пресврт бил постигнат дури во 1976, по смртта на Мао, кога во внатрешните борби во Кинеската комунистичка партија победила групата околу Денг Сјаопинг и била уапсена т.н. Банда на четворицата, фракција предводена од сопругата на Мао, Џијанг Кинг.
Прашањето за тоа како борбата за власт достигнала такви високи нивоа на насилство и социјално безредие ги заинтригирало историчари и специјалисти во областа на масовната психологија, биле спроведени бројни академски истражувања, објавени во Кина и во странство во периодот на поновата историја на Кина, кои се обидуваат да ги објаснат причините за настаните од тие години. Во 1981 година, партијата објавила дека Културната револуција е „одговорна за најголемите загуби на партијата, земјата и народот од основањето на народната република„[1].