Костарика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Костарика (шпански: Costa Rica) или официјално Република Костарика (República de Costa Rica) — држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хосе.
Република Костарика República de Costa Rica
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Vivan siempre el trabajo y la paz" (шпански) „Долго да живее работата и мирот“ |
||||||
Химна: Noble patria, tu hermosa bandera (шпански) Благородна земјо, твоето убаво знаме |
||||||
Главен град (и најголем) | Сан Хосе 9°56′N 84°5′W | |||||
Службен јазик | шпански | |||||
Признаени регионални јазици | лимонски креолски, брибриски | |||||
Демоним | Костариканци
(Костариканец/Костариканка) |
|||||
Уредување | уставна претседателска република | |||||
• | Претседател | Луис Гуљелмо Солис | ||||
Независност | Објавена | |||||
• | од Шпанија | 15 септември 1821 | ||||
• | од Мексико | 1 јули 1823 | ||||
• | од Обединети покраини на Средна Америка | 21 март 1847 | ||||
• | Призната од Шпанија | 10 мај 1850 | ||||
• | Устав | 7 ноември 1949[1] | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 51,100 км2 (128-ма) | ||||
• | Вода (%) | 0.7 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јуни 2011 г. | 4,608,426[2] (123-та) | ||||
• | Густина | 89 жит/км2 (107-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $51.166 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $11,215[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $35.780 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $7,843[3] | ||||
Џиниев коеф. (2009) | 50.7[4] висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.763[5] висок · 68ма |
|||||
Валута | Костарикански колон (CRC ) |
|||||
Часовен појас | UTC−06:00 (UTC-6) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .cr | |||||
Повик. бр. | +506 |
Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година.[6][7][8] Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход.[9] Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка.[10] Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.[11]