Каталонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каталонија (каталонски: Catalunya; окситански: Catalonha; шпански: Cataluña; изворно изговарана како Каталуња) е автономна заедница на Шпанија и е службено признаена како народност.[1] Каталонија е составена од четири покраини: Барселона, Жирона, Љеида и Тарагона. Главен и најголем град е Барселона, втор најголем град во Шпанија и средиште на една од најголемите метрополитенски области во Европа. Ја содржи најголемиот дел од територијата на поранешното кнежевство Каталонија, додека остатокот сега се наоѓа во Франција. Каталонија се граничи со Франција и Андора на север, Средоземното Море на исток и шпанските региони Арагон и Валенсија на запад и на југ соодветно. Службени јазици се каталонски, шпански и арански (окситански дијалект).[2]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Каталонија Catalunya (каталонски) Catalonha (окситански) Cataluña (шпански) | |||
---|---|---|---|
Автономна заедница | |||
Химна: Els Segadors (Жетвачи) | |||
Местоположба на Каталонија во рамките на Шпанија. | |||
Координати: 41°49′N 1°28′E | |||
Држава | Шпанија | ||
Главен град | Барселона 41°23′N 2°11′E | ||
Покраини | Барселона, Жирона, Љеида, Тарагодина | ||
Управа | |||
• Вид | децентрализирана влада во рамки на уставна монархија | ||
• Орган | Женералитет на Каталонија | ||
• Претседател | Карлес Пучдемон (PDeCAT) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 32.114 км2 (12,399 ми2) | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 7.448.332 | ||
• Густина | 230/км2 (600/ми2) | ||
• Место | 2, (16% од Шпанија) | ||
Демоним | Каталонци català, catalana (ca) catalán, catalana (es) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166-2 | CT | ||
Повикувачки број | +34 97- (Каталонија) +34 93 (Барселона) | ||
Службени јазици | каталонски, шпански, арански (окситански) каталонскиот знаковен јазик е исто така признаен | ||
Статут на автономија | 9 септември 1932 18 септември 1979 9 август 2006 | ||
Светец-заштитник | Св. Георги (Sant Jordi) | ||
Парламент | 135 пратеници | ||
Конгрес | 47 пратеници (од 350) | ||
Сенат | 16 сенатори (од 264) | ||
Мреж. место | Женералитат де Каталуња |
Во 10 век, источните грофовии на Шпанската марка станале независни од Франките, обединувајќи се како вазали на Барселона. Во 1137, Барселона и Арагон ја создале Арагонската Круна и Каталонија станала седиште на арагонската поморска моќ во Средоземното Море. Во тоа време процветала средновековната каталонска литература. Помеѓу 1469 и 1516, круните на Арагон и Кастиља се обединиле и го создале Кралството Шпанија, меѓутоа ги задржале нивните различни институции. Во текот на Сегадорското востание (1640–52), Каталонија се спротивставила против Шпанија, станувајќи република под француска заштита. Со одредбите од Пиринејскиот договор во 1659, со кој завршила Франко-шпанската војна, Франција ги повратила северните делови на Каталонија, главно приклучени во Грофовијата Русијон. Во текот на Војната за шпанското наследство (1701–14), Арагонската Круна застанала против Филип V од Шпанија, чија последователна победа довела до укинување на каталонските институции и конечно воведување на шпанскиот јазик во јавниот живот.[3]
И покрај репресијата и Наполеоновите и граѓанските војни, Каталонија доживеала економски раст и индустријализација. Во текот на втората половина на 19 век, областа имала културна ренесанса придружена со почетниот национализам, а воедно се појавиле и неколку работнички движења. Во 1913, четирите каталонски покраини создале Комонвелт и со појавувањето на демократијата во текот на Втората Шпанска Република (1931–39), бил повторно воспоставен Женералитатот на Каталонија. По Шпанската граѓанска војна, диктаторството на Франкова Шпанија донело репресивни мерки, укинувајќи ги каталонските институции и повторно забранувајќи го каталонскиот јазик. Во текот на 1950-тите и 1960-тите, Каталонија имала силен економски раст и станала важно туристичко одредиште, привлекувајќи многу работници од цела Шпанија и правејќи ја Барселона една од најголемите индустриски метрополитенски области во Европа. Од воведувањето на повторна демократија во Шпанија (1975–82) Каталонија добила политичка и културна автономија и сега е една од економски најразвиените региони на Шпанија. Каталонската влада ја објавила намерата да одржи референдум за можна независност од Шпанија во 2014.[4]