Кангкар Пунсум
планина во Бутан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кангкар Пунсум (ѕонгка: གངས་དཀར་སྤུན་གསུམ་) — највисока планина in Бутан и веројатно највисоката неосвоена планина во светот. Се издига на висина од 7.570 м, со истакнатост од 2.995 м.[1] Името би се превело како „бела планина на тројцата духовни браќа“.[2]
Кратки факти Кангкар Пунсум, Највисока точка ...
Кангкар Пунсум | |
---|---|
གངས་དཀར་སྤུན་གསུམ | |
Врвот на Кангкар Пунсум | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 7.570 м [1] |
Истакнатост | 2.995 м [1] |
Координати | 28°02′54″N 90°27′15″E |
Географија | |
Место | бутанско–кинеска граница |
Матичен венец | Хималаи |
Искачување | |
Прво освојување | неосвоена |
Затвори
Планината лежи на границата со Тибет,[3] иако точната местоположба останува спорна. По отворањето на Бутан за планинарите во 1983 г. спроведени се четири експедиции, од кои на два наврата се направени неуспешни обиди за освојување на врвот (1985 и 1986 г.)[4] Во 1998 г. една екипа успеала да освои спореден врв на планината од тибетска страна.