Каменолом
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каменолом — вид на површински коп каде се ископуваат камења или минерал.[1] Најчесто каменоломите се експлоатираат за добивање на градежни материјали, како градежен камен, ситни пополнувачи, песок и чакал. Во близината на овие копови често се прават и погони за изработка на бетон и асфалт, поради нивните големи потреби од овие суровини.