Историја на папството
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на папството ја претставува духовната и временската улога на папите во текот на повеќе од 2.000 години, односно од доаѓањето на Свети Петар во Рим, па сè до ден денешен. Папството е претставувано од страна на папата. Во прилог на неговата улога, тој е духовен шеф на Римокатоличката црква како и државна глава на Ватикан, независна и суверена град-држава која се наоѓа во Рим.
Во принцип, нема официјален список на папи, но сепак Annuario Pontificio (Папски годишник) содржи список според кој вкупниот број на папи до денеска изнесува 265. Во 2001 година била направена религиозна студија од страна на Римокатоличката црква за историја на папството.[1] Врз основа на истите податоци, на папскиот стол се качиле вкупно 265 папи, а 267 е вкупната листа според хронологијата на папството. Разликата се гледа во фактот што папата Бенедикт IX бил трипати избиран за папа во периодот од 1032 до 1048 година.
Историски, временската улога на папството може да се подели на три главни периоди: создавањето односно почетоците на црквата, среден век и модерната ера. Во времето на раната црква, папата служел само како епископ на христијанската црква во Рим. Дури и во таа духовна улога, неговата улога била оспорувана за тоа дали патријарсите биле потчинети на епископот на Рим.
Вториот временски период од историјата на папството започнува од IV век до создавањето на Кралство Италија и запленувањето на папската земја од страна на државата во 1870 година. Во текот на средниот век, папството ја постигнал својата висина на моќ, консолидација и унифицирање на црквите во Западна Европа, по кое биле проширени териториите на католичката религија. Но, во текот на средниот век се случила и Големиот раскол која довела до поделба на црквата на источна и западна односно византиска и католичка. Освен тоа, во текот на средниот век настапила и протестантската реформација која довел до уште еден раскол на црквата.
Модерната историја на папството започнала кон XIX век. Во текот на тој период до денес, папата главно се фокусирал на неговата улога како духовен поглавар на Римокатоличката црква.
Католиците папата го признаваат како наследник на Свети Петар, кој според христијанската библија бил познат по прекорот карпа односно камен.[2][3] Иако Петар во текот на својот живот никогаш не бил наречен со таа титула, сепак католиците го признаваат како прв папа.[4] Сепак, денеска не постојат доволно докази според кои се смета дека апостол Петар бил прв епископ на Рим.[5][6][7]
Во времето на реформацијата, прашањето околу потеклото на папството било од витално значење за сите христијански цркви. Некои протестантски теолози сметале дека Петар никогаш не бил во Рим. Така, римскиот живот и смртта на Петар е измислена. Други сметаат пак дека апостол Петар бил погребан во Александрија, денешен Египет или во Антиохија.[8] Сепак, денеска овие тврдења не се многу популарни во религиозниот свет. Традиционалните римокатолички погледи се дека апостол Петар живеел во Рим каде што и починал.