Зимзелено растение
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зимзелено растение е она растение што ги задржува лисјата во сите годишни времиња, за разлика од листопадните растенија, чие зеленило паѓа на есен и остануваат голи во зимата или сувата сезона.
Постојат најразлични видови на зимзелени растенија, кои може да бидат дрва или грмушки:
- зимзелениот даб, божиковината и прастарите голосеменици како цикасовите
- највеќето скриеносеменици од топлите подрачја без мраз, како видовите во евкалиптусните и дождовните шуми
Покрај ова, осебен случај е африканското голосемено растение велвичија. Ова растение има само два листа што постојано растат додека е живо растението, но постепено се абат на врвовите. Во овој случај едно исто лисно ткиво трае 20–40 години.
Трајноста на листовите кај зимзелените растенија се движи од неколку месеци (постојано растат нови како што паѓаат старите листови) до неколку децении (над 30 години кај долговечниот бор).[1]