Западнопоморско Војводство
војводство во северозападна Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Западнопоморско Војводство (полски: województwo zachodniopomorskie) — војводство во северозападна Полска кое се граничи со Поморското Војводство на исток, Големополското на југоисток, Лубушкото на југ, Германија (Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург) на запад и Балтичкото Море на север. Седиште и најголем град е Шчеќин.
Западнопоморско Војводство województwo zachodniopomorskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Западнопоморското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Шчеќин | ||
Окрузи | 3 градски, 18 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 22.896 км2 (8,840 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.715.431 | ||
• Густина | 75/км2 (190/ми2) | ||
• Градскo | 1.170.105 | ||
• Селско | 523.428 | ||
Рег. таб. | Z | ||
Мреж. место | szczecin.uw.gov.pl | ||
|
Основаноо е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Шчеќинско и Кошалинско, како и делови од други соседни војводства, согласно управната реформа усвоена претходната година. Го носи името на историската област Поморје. Иако е наречено „западнопоморско“, војводството не ги опфаќа најзападните делови на областа; тие денес ѝ припаѓаат на Западна Померанија (Vorpommern) во Германија.
Латинизираниот назив Померанија (Pomerania) и германизираното Pomern се изведени од словенското по море или „приморје“.[1]