Жозеф Мари Жакар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жозеф Мари Жакар (француски: Joseph-Marie Jacquard, 1752 — 1834) — француски пронаоѓач. Во 1801 година јавно го покажал својот автоматски разбој со револуционерни технолошки елементи. Овој негов пронајдок е прогласен за јавно добро во 1806 година, и Жакар бил награден со доживотна пензија и посебни привилегии. Неговите дупчени картички ги прилагодил Чарлс Бебиџ, користејќи ги и за својата аналитичка машина. Технологијата на разбојот на Жакар била основа на вториот модерен автоматски разбој и претходник на современиот компјутер.