Грчка граѓанска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Граѓанската војна во Грција (грчки: Ελληνικός εμφύλιος πόλεμος [елиникос емфилиос полемос]) е една од првите воени конфликти кој се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кој траел од 1946 до 1949 година. Победата над комунистите било благодарение на идното грчко членство во НАТО, како и големата поддршка што во тоа време ѝ ја давала САД на Грција. Ова всушност претставува и започнување на Студената војна од страна на истокот и западот предводени од различните системи на владеење.
Грчка граѓанска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Студената војна | |||||||
Владина единица со топ-хаубица |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Грција
Поддржано од: | Привремена Демократска Влада
партизаните од НОФ |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Маркос Вафијадис Никос Захаријадис |
Граѓанската војна главно се водела помеѓу вооружените сили на грчката влада поддржувана од страна на САД и Велика Британија од една страна, и грчките комунисти и членовите на најголемата во тоа време антинацистичка организација (ЕЛАС), поддржувана од самата Комунистичка партија на Грција.
Првата фаза од граѓанската војна се одвивала помеѓу 1942 и 1944 година. Левите и десните ориентации на партиите се спротивставувале помеѓу себеси, кое доведувало и до братоубиствена војна. Втората фаза која започнала во 1944 година, социјалистите кои контролирале голем дел од територијата на Грција, се спротивставиле на грчката влада која дотогаш била во бегство, надвор од Грција, поточно во Каиро. Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. КПГ останала како легална сè до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина.
Поразот на комунистите во Граѓанската војна во Грција, поддржувани од Југославија и Албанија, довело до пристапување на Грција во НАТО и зацврстување на влијанието на САД во Егејско Море до самиот крај на Студената војна.