Грејс Кели
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грејс Патриша Келис (родена на 12 ноември 1929 – починала на 14 септември 1982 ) - американска глумица која по венчавањето во 1956 година кнезот на Монако, Рејнер III станала Кнегиња на Монако, именувана како Нејзиното Височество Кнегињата од Монако, често нарекувана „Принцеза Грејс“.
Грејс Кели | |||||
---|---|---|---|---|---|
Грејс Кели во „Високо општество“ (1956). | |||||
Роден(а) | 12 ноември 1929(1929-11-12) Филаделфија, Пенсилванија | ||||
Починал(а) | 14 септември 1982(1982-09-14) (возр. 52) Монако | ||||
Почивалиште | Катедрала Св. Никола, Монако | ||||
Сопружник | Рејнер III | ||||
Деца | Каролина, Хановерска принцеза Алберт, Кнез на Монако Стефани, кнегиња на Монако | ||||
| |||||
Династија | Династија Грималди | ||||
Татко | Џон Б. Кели | ||||
Мајка | Маргарет Кетрин Маер | ||||
Вероисповед | Католик | ||||
Занимање | глумица | ||||
Потпис |
По впуштањето во глумечките води во 1950 година, на 20 годишна возраст, Грејс Кели се појавила на њујоршката театарска сцена, како и во повеќе од четириесет епизоди од актуелните драмски дела, емитувани за време на раните 50-ти години, Златната Доба на телевизијата. Во октомври 1950 година со објавувњето на филмот Могамбо, таа станала филмска ѕвезда, углед потврден и во 1954 година со наградата Златен глобус и номинацијата за Оскар, како и главни улоги во 5 филма, вклучувајќи го и „Провинцијалка“, во кој покажала изведба наградена со Оскар. Се повлекла од глумецството на 26 години за да започне со нејзините должности во Монако. Таа и кнезот Рејнер имале три деца: Каролина, Алберт и Стефани. Таа исто така ги задржала своите американски корени, одржувајќи двојно, американско и монашко државјанство.[1].
Грејс Кели починала на 14 септември 1982 година, кога изгубила контрола врз своето возило, доживувајќи удар, и се судрила. Нејзината ќерка, Принцеза Стефани, била во автомобилот со неа и ја преживеала несреќата.
Во јуни 1999, Американскиот филмски институт ја поставил на 13-то место на нивната листа за врвни женски ѕвезди на америкнското кино.