Голем Кањон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Големиот Кањон (англиски: Grand Canyon) или Гранд Кањон[2] — стрмен кањон издлабен од реката Колорадо во САД во државата Аризона. Најголемиот дел од него спаѓа во националниот парк Големиот Кањон, еден од првите национални паркови во САД. Претседателот Теодор Рузвелт бил голем поборник на заштитата на областа Голем Кањон и многупати ја посетил за да лови и ужива во глетката.
Голем Кањон | |
---|---|
Поглед на реката Колорадо низ Големиот Кањон. | |
Надм. висина | 800 м |
Должина | 446 км |
Ширина | 6,4–29 км |
Геологија | |
Старост | 5–6 мил. години[1] |
Географија | |
Местоположба | Аризона, САД |
Координати | 36°18′N 112°36′W |
Реки | Колорадо |
Големиот Кањон е долг 446 километри, широк е и до 18 милији (29 километри) и достига длабочина од повеќе од 1,6 километри. Изложени се речиси две милијарди години од геолошката историја на Земјата како што реката Колорадо и нејзините притоки ги отворале своите канали низ многубројните слоеви на карпи а висорамнината Колорадо се издигала. Иако геолозите полемизираат за специфичните геолошки процеси и времето во кое е формиран Големиот Кањон, неодамнешните докази укажуваат на тоа дека реката Колорадо го поставила својот курс низ кањонот пред најмалку 17 милиони години. Оттогаш наваму, реката Колорадо продолжила да врши ерозија и да го формира кањонот во состојбата во која го гледаме денес.[3]
Пред европската имиграција, областа била населена од домородни американци кои граделе населби во кањонот и во многуте негови пештери. Народот Пуебло го сметал Големиот Кањон (“Онгтупка”на јазикот Хопи) за свето место и изведувал поклонение до него. Првиот Европеец за кого е познато дека го видел Големиот Кањон бил Гарсија Лопес де Карденаз од Шпанија кој пристигнал во 1540 година.[4]