Влегување на Велика Британија во Првата светска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обединетото Кралство влегло во Првата светска војна на 4 август 1914 година, кога кралот Џорџ V, по истекот на ултиматумот до Германската империја, и објавил војна. Официјалното објаснување се однесувало на заштитата на Белгија како неутрална земја. Главната причина, сепак, била да се спречи францускиот пораз кој ќе ја остави Германија да ја контролира Западна Европа. На власт била Либералната Партија, со премиерот Х.Х. Асквит и министерот за надворешни работи Едвард Греј. Кабинетот на либералите ја донел одлуката, иако партијата била силно антивоена до последен момент. Конзервативната партија била провоена. Либералите знаеле дека ако се поделат по военото прашање, ќе ја изгубат контролата на Владата во корист на конзервативците.